Туристичките работници сè уште очекуваат реакција од Владата, по вчерашниот мирен протест (ВИДЕО)

Ана Марија Алексова, еден од организаторите на вчерашниот мирен протест на туристичките работници, денеска во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ ги објасни барањата на туристичките работници, кои, како што рече уште во јуни биле доставени до Министерството за економија.

– Со вчерашниот протест сакавме да испратиме порака дека постоиме, дека сме загрозена гранка која поради пандемијата е во ризик да стави клуч на врата, доколку не добиеме помош. Преку нашите стопански комори во повеќе наврати се поднесувани барања до Министерството за економија. Последните барања се поднесени на 10 јули, но се уште немаме добиено одговор за истите. Нашите барања се минимална плата за секој туристички работник од 14.500 денари со сто проценти платени придонеси во кои ќе бидат опфатени сите, вклучително и новоформираните агенции и тие кои биле во загуба- рече Алексаова.

Прочитајте и...  Прв месечен раст на буџетските приходи во јули од почетокот на КОВИД-19 кризата

– Бараме и субвенции за да можеме да опстоиме до 2021 година, со што граѓаните ќе можат да ги искористат аранжманите за кои платиле. Бараме и одложување на плаќањето на кредитите и да има посебна кредитна линија за овој сектор, како најзагрозена гранка. Важно е и да се земат во предвид туристичките водичи и пратители, бидејќи тие не се во редовен работен однос, туку се надворешни соработници, и токму затоа не добија помош. И на крај, имаме барање и за превозниците, со што бараме зелениот картон од 2020 година, да важи за 2021 и исполнетоста на автобусите да биде 70 проценти, наместо сегашните 50 проценти, рече Алексова.

Таа нагласи дека по вчерашниот мирен протест, сè уште чекаат реакција од Владата.

Прочитајте и...  ДПА ја прифати понудата да биде дел од новата Влада

– Нашите стопански комори сè уште немаат добиено писмен одговор од Владата. Единствено што видовме во дел од медиумите е дека го знаат нашиот проблем, но ќе го разгледаат кога ќе се оформи Влада. Но, ние немаме време, на 15 август ќе бидат блокирани сметките на сите фирми доколку не се пушти плата, а ние немаме пари за да исплатиме плати. Станува збор за околу 5.000 вработени кои нема да добијат плата. Не мора на сите барања да одговорат веднаш, нека биде и постепено, само да не мораме да ги затвориме агенциите, објаснува Ана Марија, и додава дека можни се повторни протести, доколку не се одговори на барањата.

Целиот разговор co Ана Марија Алексова, еден од организаторите на вчерашниот мирен протест на туристичките работниципроследете го во видеото: 

 

Прочитајте и...  Дачиќ: За мене е понижување странски амбасади да ургираат да бидам во идната влада

Прочитај повеќе

Со изведба на одбрани арии отворено јубилејното 60. „Охридско лето” (ФОТО)

Слободен печат

ВО ЖИВО: Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 30 луѓе, а над 3.000 се повредени

Слободен печат

Три и пол години казна затвор за Владимир Панчевски

Слободен печат

По 10 часовната судска расправа се очекува пресудата за Владимир Панчевски

Слободен печат

СТРАОТНИ СНИМКИ ОД БЕЈРУТ, небото се затемни, луѓето преплашени: Најмалку 30 загинати и повеќе од 500 повредени (ВИДЕО)

Слободен печат

Ахмети за Коха: Премиер не се станува ниту со 46 пратеници!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ЗЕМЈА БЕЗ МАСКИ: Додека во остатокот од Европа тие се задолжителни, тука ги сметаат дури и за штетни

Слободен печат

Ангеловска: Заживувањето на економијата се одвива со добра динамика

Слободен печат

Тони нитрат експлодираа во пристаништето во Бејрут – гувернерот низ солзи говори за „најголемата национална катастрофа“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Ги откриваат и тајните љубовници: Кои се „ковид детективите“ на Ердоган кои се борат против короната! (ФОТО)

Васко Спасоски

Николовски за денешната конститутивна седница: Бевме горди парламентарци и сведочевме на вистински професионализам!

Слободен печат

Израел и Хезболах негираат дека експлозијата во Бејрут е ракетен напад (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат