Трудница глумела дека и пукнал водењакот, реакцијата на нејзиниот сопруг е хит (ВИДЕО)

принтскрин

На многу мајки им е познато дека идните татковци знаат да бидат поголеми паничари за бременоста на своите жени. Најверојатно, токму тоа и ја натерало оваа идна мајка да одглуми дека и пукнал водењакот само за да ја види реакцијата на својот сопруг, а снимката веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Киндал од САД ја наместила камерата, земала шише вода и го истурила на своите панталони, а потоа го довикала сопругот на кој му кажала дека и пукнал воденикот! Сопругот почнал панично да трча низ станот, а во еден момент и паднал, што насмеа многумина.

Шегата на идната мајка досега ја погледнаа повеќе од 14 милиони луѓе, а истата доби и над 38 илјади споделувања, проследени со безброј коментари.

„Не се шегувај со тоа”, ѝ кажал сопругот, а таа му одговорила дека „само сакала да провери дали е спремен“.

Погледнете го феноменалниот „пренк“:

MY WATER BROKE PRANK

MY WATER BROKE PRANK

Publiée par Kyndall sur Vendredi 27 septembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот