Тројца македонски репрезентативци позитивни на ковид-19

фото: рфм

Во пресрет на првите два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2022 година против Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна Федерација на Македонија пред започнување на собирот спроведе тестирање на ракометарите и стручниот штаб на македонската сениорска машка репрезентација за рана детекција на ковид-19.

РФМ ја информира јавноста дека шест лица кои се дел од националната селекција се позитивни на коронавирусот:

Александар Царчев – тренер на голмани

Никола Матлиески – помошник тренер

Радослав Стојановиќ – помошник тренер

Марио Танкоски – ракометар

Мартин Велковски – ракометар

Мартин Поповски – ракометар

Федерацијата воедно известува дека контактите се изолирани, ракометарите и стручниот штаб кои се позитивни немале контакт со останатите тестирани членови на репрезентацијата кои се негативни на повеќе последователни спроведени тестирања.

Првиот меч од квалификациите за ЕП е во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ на 4 ноември (среда) со почеток од 20.00 часот против Финска, а три дена подоцна (сабота, 7 ноември) е дуелот со Швајцарија на гостински терен (18.30 часот).

Согласно Протоколите за спроведување на натпревари донесени од Владата и документот издаден од Европската Ракометна Федерација „EHF Hygiene Concept” за спроведување на натпревари не е предвидена прес-конференција/брифинг со медиуми.

Се замолуваат претставниците на медиумите да имаат разбирање и да се почитуваат предвидените протоколи, за секоја измена на состојбата во врска со претстојниот собир РФМ ќе излезе со соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот