Фото: Принтскрин

Тројца Бугари уапсени во Демир Хисар со украдени парчиња од македонски народни носии

Стручна проверка од етнолог на Музеј Битола утврдила дека станува збор за делови од македонски народни носии кои се заштитено културно наследство, со строга забрана за промет и продажба без соодветно одобрение.

Тројца државјани на Бугарија биле уапсени вчера во Демир Хисар, под сомнение дека извршиле кражба и се обиделе нелегално да изнесат делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство.

„На 9 декември 2025 година во 11:50 часот на улица ‘Вељко Влаховиќ’ во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода 44-годишниот А.К., 48-годишниот К.К. и 50-годишниот В.Г., сите од Република Бугарија, поради сомнение за сторени кривични дела ‘кражба’ по член 235 и ‘изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости’ по член 266 од Кривичниот законик. А.К. и К.К. се затекнати во патничко возило ‘фолксваген голф’ со бугарски национални ознаки, а В.Г. е затекнат со возило комбе ‘пежо боксер’ со бугарски национални ознаки и кај нив се пронајдени предмети и делови од народна носија за кои не можат да го докажат потеклото,“ соопшти полицијата.

Стручна проверка од етнолог на Музеј Битола утврдила дека станува збор за делови од македонски народни носии кои се заштитено културно наследство, со строга забрана за промет и продажба без соодветно одобрение.

Тројцата осомничени се задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот