Триумф на Вињалес во Асен (ВИДЕО)

Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес му донесе прв триумф на својот тим во Мото ГП шампионатот на трката која се возеше за Големата награда на Холандија на легендарната патека во Асен.

Вињалес успеа во директен дуел со бранителот на титулата и лидер во генералниот пласман, Марк Маркез излезе како победник, а на двоецот на победничкиот пиедестал му се приклучи и одличниот дебитант сезонава, Фабио Квартараро.

Вињалес успеа на патеката „Асен“ која е најстара трка во Мото ГП шампионатот, да му го донесе првиот триумф на својот тим по октомври 2018 година, а ова беше вкупно 22 победа во кариерата за шпанскиот возач.
Катастрофална трка имаше колегата на Вињалес, Валентино Роси кој трета трка е принуден да се откаже поради пад.

По осум трки сезонава, лидер во генералниот пласман е Марк Макез со 160 бодови, пред возачите на Дукати, Андреа Довициозо кој има 116 бодови и Данило Петручи со 108 бодови.

Во Мото2 класата, победи возачот на Понс, Аугусто Фернандес за кого ова беше прва победа во кариерата. Фернандес го искористи сударот помеѓу двајцата најдобри во оваа класа, Лоренцо Балдасари и Алекс Маркез. Место на победничкиот пиедестал обезбедија уште и Бред Биндер и Лука Марини.

Во најслабата класа триумфира Тони Арболино пред Лоренцо дала Порте и Јакуб Корнфел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот