Триумф на ѓорчепетровци против славниот Есиен

facebook.com/ФК-Македонија-Ѓорче-Петров

Ѓорчепетровци славеа минимално со конечен резултат 1:0 против тимот на Сабаил. Погодокот беше реализиран во текот на првото полувреме од страна на Ален Јашароски.

Во редовите на Сабаил настапуваат нашиот голман Даниел Божиновски и славниот фудбалер на Челзи, Микаел Есиен.

Да потсетиме популарните „лавови“ промовираа уште едно засилување, напаѓачот Лука Трајкоски.

Исто така, беше претставен и Ермедин Адем, кој претходно играше за Ренова и е повратник во редовите.

За противник во 1. квалификациско коло на ЛЕ, Македонија ЃП ја имаат екипата на Алашкерт, а дуелите ќе одиграат на 11 јули во ерменија, а реваншот е седум дена подоцна на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот