Трикратната шампионка во најсилната лига на светот ќе игра за Македонија!

Фото: kfsm.mk

Македонскиот женски сениорски состав ќе тренира во Охрид и во недела, по што следува враќањето за Скопје.

Како што информираат од нашата федерација со едeн ден задоцнување, поради, во овој момент, не баш идеалните авио-конекции од САД до европскиот континент, Девана Бонер пристигна во Охрид. А во хотелот „Тино“ беше пречекана како што доликува на една ѕвезда од WNBA лигата.

Комплетното раководство на федерацијата, предводено од претседателот Перо Антиќ, ѝ посака добредојде на извонредната кошаркарка, трикратен шампион во најсилната лига на светот, која ќе биде дел од ноемврискиот квалификациски циклус.

Односно во „балонот“ кој во периодот од 12. до 14. ноември, ќе се игра во главниот град на Летонија – Рига.

Кошаркарките во Рига против Хрватска и Германија

По напорниот пат и заслужениот одмор, од денеска 33-годишната Бонер му се стави на располагање на нашиот стручен штаб. Го одработи утринскиот тренинг во СРЦ „Билјанини извори“, се запозна со своите нови, репрезентативни соиграчи, но и со плановите на селекторот Владимир Ѓоровиќ и неговите асистенти Срѓан Дамјановски и Александар Ашаданов.

Нашиот женски сениорски состав ќе тренира во Охрид и во недела, по што следува враќањето за Скопје и подоготовки за патувањето кон Рига. Во Скопје ќе ги чека капитенот Анџелика Митрашиновиќ, а планирано е и приклучувањето на Софија Лазареска која имаше натпреварувачки обврски со нејзиниот клуб од Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот