Трикови на професионални готвачи: Како се прават совршени пржени лепчиња?

Фото: Профимедиа

Колкупати сте појадувале пржени лепчиња, но не ви излегле баш најдобро? За да бидат вкусни, потребно е да бидат крцкави и златни на рабовите, но меки во средината, не треба да бидат премногу мрсни или да загорат.

За да направите вакви пржени лепчиња, понекогаш се случува да ги оставите пократко да се пржат, па финалниот производ што ќе добиете е – лепчињата ќе бидат „живи“.

Трикот е во тоа да знаете како да го исечете лебот и како да ја приготвите смесата.

Професионалните готвачи ви ја откриваат тајната како да направите совршени пржени лепчиња:

– Кога го сечете лебот, мора да водите сметка парчињата да не бидат тенки, туку со дебелина од околу 1,5 сантиметри. Притоа, задолжително е лебот да биде бајат, инаку нема да излезат добри. Свежиот леб е мек и може да се распарчи кога ќе се натопи во смесата.

– Лепчињата никако немојте да ги пржите на путер, туку користете масло. Правилната мерка за смесата е 1/4 шолја млеко и едно јајце на 2 парчиња леб. Ако ставите премногу млеко, лепчињата веројатно ќе испаднат премногу меки, а ако претерате со количината на јајца, ќе добиете резултат посличен на омлет, па затоа е многу важен правилниот сооднос.

– Ако сакате да го збогатите вкусот на пржените лепчиња, додадете зачини како што се црн бибер, ким или пармезан, а ако ги правите слатки, циметот или ванилиниот шеќер се задолжителни.

Доколку сте се одлучиле за слатки пржени лепчиња, можете да ги послужете прелиени со мед, џем, чоколадо или да додадете овошје по избор и посипени со шеќер во прав. Солената верзија може да биде добра основа за сендвич. Секако, вкусни се и кога се сосема обични, без додатоци, со шолја млеко или јогурт, ќе бидат совршен оброк со мирис на викендот.

– Маслото мора да биде добро загреано кога ќе ги спуштите лепчињата во него. Пржете ги 2-3 минути од секоја страна, задолжително вртете ги во текот на пржењето. Лебот однадвор треба да биде крцкав и со златна боја, а смесата однатре треба да се стегне и да стане кремаста и густа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот