Трифонов бара референдум за тоа дали Бугарија да стане претседателска република

Слави Трифонов/ Фото: МИА

Лидерот на партијата „Има таков народ”, Слави Трифонов, најави намера да работи на иницирање референдум за тоа дали Бугарија да биде претседателска република или да остане парламентарна.

Според Трифонов, бугарскиот народ треба да каже дали е време Бугарија да стане претседателска република или да остане парламентарна.

– Тоа сакаме да ве прашаме на национален референдум. Одлуката треба да биде ваша, бидејќи државата е ваша, коментира лидерот на „Има таков народ” во видео изјава на својата Фејсбук страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот