Тричко расположен пред Косово, ја продолжи гол-серијата во Кипар! (ВИДЕО)

твитер

Поради повреда ги пропушти натпреварите од новото издание во Лигата на нации против Ерменија и Грузија, но затоа успешно им се врати на клупските обврски.

Поточно Иван Тричковски им се врати на головите за својот клуб во Кипар, АЕК Ларнака, во чии повторно е херој на екипата.

Македонскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар, а при резултат 1:1 го постави конечниот епилог со еден убав погодок во 68 минута од средбата (2:1).

Во четири досегашни настапи сезонава за клубот, Тричковски веќе има три голови и го дели првото место со уште тројца играчи на листата најдобри стрелци во тамошното најсилно кипарско првенство.

Ова е секако добра вест и за селекторот Игор Ангеловски во пресрет на полуфиналниот плеј-оф дуел во Скопје против Косово на 8 октомври за пласман на наредното ЕП 2021.

Кај домаќините целиот меч го одигра и одбранбениот играч Даниел Мојсов, а Стефан Спировски беше заменет на стартот од вториот дел од шпанскиот интернационалец Абрахам.

На спротивната страна во АЕЛ Лимасол на клупата за резервни играчи остана нашиот фудбалер Давор Здравковски.

Во петтото некомплетно коло од шампионатот АЕК Ларнака е на второто место со 10 бодови колку и лидерот Аполон (меч помалку), додека третопласиран е АЕЛ Лимасол со девет бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот