Полиција Франција/ Фото fotononstop / Profimedia

Три жени нападнати со нож во метро во Париз

Три жени се повредени откако биле нападнати со нож од маж во париското метро, соопштија полицијата.

Според информациите, осомничениот извлекол нож и нападнал три жени на различни станици на истата линија, која сообраќа меѓу Бањоле (Сен-Сен-Дени) и Левалоа-Пере (О-де-Сен), пренесува весникот „Паризјен“.

Трите жртви се здобиле со полесни повреди, при што две од нив биле прободени во пределот на грбот и бутините.

По нападите, осомничениот избегал, но подоцна бил уапсен во својот дом.

Според полицијата, станува збор за маж со потекло од Мали, роден во 2000 година. Можноста за терористички мотив е исклучена, а надлежните сметаат дека се работи за дело на лице со нарушено ментално здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот