Три руски гиганти во трка за потписот на Адеми!?

фото: gnkdinamo.hr

ЦСКА, Спартак и Локомотив покажуваат интерес за услугите на македонскиот репрезентативец…

Три руски познати фудбалски клубови се вклучија во борбата за македонскиот репрезентативец кој моментно ги брани боите на Аријан Адеми. Нашиот интернационалец со хрватскиот клуб има важечки договор кој истекува на 30 јуни 2023 година.

Поради пандемијата на коронавирус три месеци се запрени натпреварувањата, но во мај и јуни полека почнуваат да се враќа фудбалот, а така и во Хрватска.

Аријан Адеми запиша погодок во триумфот на неговата екипа во пријателскиот натпревар против Интер Запрешиќ.

Според „Неваспорт“, руските гиганти ЦСКА, Спартак и Локомотив покажуваат интерес за Адеми кој сезонава за Динамо запиша 10 мечеви, по два голови и асистенции.

Изворот воедно пишува дека играше за младинските селекции на Хрватска, но одлучи да ги брани боите на најдобрата македонска репрезентација.

Исто така доби четиригодишна суспензија од фудбалот после позитивниот допинг тест по натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот