Три и пол години казна затвор за Владимир Панчевски

Фото: Архива на „Слободен печат“

Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор.

Судијката Валентина Георгиевска, пресудата ја донесе вечерва по завршување на рочиштето кое траше повеќе од десет часа. На обвинетиот Панчевски, во казната ќе му се пресметува и времето поминато во притвор.

Решението целосно со образложение ќе му биде доставено во затворот во Идризово.

Воедно соопшти дека притворот на Панчевски му се укинува со донесување на оваа пресуда.

Во десетчасовната судска расправа во Основниот суд во Велес доцна вечерва во 20:30 часот заврши расправата, судијката даде пауза по што ја соопшти пресудата.

Обвинетиот Владимир Панчевски во завршниот збор кажа дека јавниот обвинител не бил запознат со целата материја со која го води предметот, бидејќи имало грешка на АКМИС, а јавниот обвинител не го видел тоа.

Панчевски во завршните зборови на својата одбрана рече дека сите судии биле вклучени во предметите, и дека  во својот исказ кажал од кои причини било така. Значи, истакна, не се повторуваше ниеден судија кој постапуваше во организиран криминал, а согласно годишниот распоред.

Обвинетиот Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товари дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се  изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите.

По 10 часовната судска расправа се очекува пресудата за Владимир Панчевски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот