По 10 часовната судска расправа се очекува пресудата за Владимир Панчевски

Во десетчасовната судска расправа во Основниот суд во Велес доцна вечерва во 20:30 часот заврши расправата. Судијката даде пауза за да ја соопшти пресудата за половина час.

Во Основниот суд во Велес каде трае судскиот процес против судијата Владимир Панчевски се очекува пресудата да биде изречена за половина час.

Во десетчасовната судска расправа во Основниот суд во Велес доцна вечерва во 20:30 часот заврши расправата. Судијката даде пауза за да ја соопшти пресудата за половина час.

Обвинетиот Владимир Панчевски во завршниот збор кажа дека јавниот обвинител не бил запознат со целата материја со која го води предметот, бидејќи имало грешка на АКМИС, а јавниот обвинител не го видел тоа.

-Се работи за крајно тенденциозно и концентрирано обвинение на Обвинителството каде обвинителството шити непознато лице без да каже чии права и како се повредени, а самиот „тој друг” не ни знае дека му е повредено некакво право, бидејќи не видовме изјава од странките или да покренале постапка за заштита на ова право кое го знае само обвинителот, рече Панчевски.

Ова обвинение е политички опструирано и лицемерно, потемцираше Панчевски, бидејќи се поведува една година по завршување на мојот мандат во Основниот суд Скопје 1, особено што како основа е земен нарачан извештај од извршната власт, а тоа е извештај од Министерството за правда доставен до Основното јавно обвинителство во Скопје, каде предметот е заведен по РО број, а не кривичен, а постапката на сослушување на сведоци и мојата е по РО број, а не кривичен.

-Извештајот на Министерството за правда е нарачен во 2017 година и како што Јавното обвинителство кажа на првото рочиште дека дознал за тоа од медиумите. Јавноста можеше да го следи јавниот спотер и од одредени политички претставници и Министерството за правда јавно кажуваше дека Јавното обвинителство мора да има исход за предметот АКМИС, во спротивно некој ќе одговара. Оваа изјава е дадена од министерката Рената Дескоска, рече Панчевски.

Тој додаде дека притоа тие го обвинувале дека само тој повредувал права, а не и судиите кои суделе.

Панчевски во своите завршни зборови рече дека од самите одлуки произлегува зошто некои предмети се поделени на таков начин. За кривично дело не гледам последица и тоа според Јавното обвинителство е потешка повреда на странките не е возможна бидејќи нема процедура по која би остварувале таква заштита.

Електронскиот систем, како што рече, ги заведувал сите предмети, а не како што тврди јавниот обвинител дека јас сум го повредувал членот 6 од Законот за управување со предмети.

Панчевски во завршните зборови на својата одбрана рече дека сите судии биле вклучени во предметите, и дека  во својот исказ кажал од кои причини било така. Значи, истакна, не се повторуваше ниеден судија кој постапуваше во организиран криминал, а согласно годишниот распоред.

Тој посочи дека во трети месец 2013 тројца судии постапувале по различни предмети, а во април 2013 шестмина судии постапувале по различни шест предмети.

Тој кажа дека не се повторува ниеден судија на постапување на предмети од организиран криминал согласно годишниот распоред. Но, тоа, според него, обвинителството не го разгледало темелно и суштински.

-Од сите овие причини сметам дека обвинението е неосновано и се врши злоупотреба на јавното обвинителство и се компромитира целокупниот судски систем, рече обвинетиот Владимир Панчевски.

Јавното обвинителство формулирало апстрактна повреда на апстрактни лица, рече Панчевски и побара да биде ослободен од обвинението.

Се чека одлуката на судијката Валентина Георгиевска.

Бранителот на Панчевски адвокатот Горан Георгиев во одбраната на Панчевски рече дека при автоматската распределба на еден судија му биле поделени шест предмети па затоа морал во тој случај да постапува само претседателот.

Адвокатот Петро Јамура во завршните зборови рече дека тезата оти се повредени некои права на Основното јавно обвинителство не само што се неточни туку се и погрешни и не може да биде основ за кривично гонење.

Јамура посочи дека Панчевски не можел да делува врз судиите, а доколку судиите сметале дека предметот бил доделуван на незаконски начин, тогаш тие имале законска обврска тоа да го спречат, да одбијат да постапуваат по предметот или да ги информираат надлежните институции, но Владимир Панчевски тврдеше неговиот бранител Јамура, тоа го правел согласно Законот затоа и судиите ги прифатиле и ги воделе овие постапки на ваков начин.

Од страна на обвинителството беа предочени 16-17 судии професионалци кои сè уште се судии, а некои се и пренесени во повисоките судови и ако тие сметале дека распределбата на нивниот предмет е незаконски, не би продолжиле со постапката.

Обвинетиот Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товари дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се  изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот