Тренерот на РК Алкалоид, Кире Лазаров: Се надевам на подобра реализација во Данска
Во вторник од 20.45 часот (пренос во живо на МРТ 3) македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид ќе го одигра својот четврти натпревар од групната фаза во ЕХФ Европската лига во Данска против Бјерингбро-Силкеборг.
Играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров, во третото коло во СЦ „Јане Сандански“ загубија од истиот противник со 31:23.
– Се надевам дека ќе имаме подобра реализација, и во реваншот ќе покажеме поголема борбеност и поголема мотивираност – вели Лазаров.
По три кола во групата „Ф“ води Бјерингбро-Силкеборг со четири бодови, колку што има и Војводина, Ла Риоха три, а Алкалоид еден.
Голманот на РК Алкалоид, Благојче Трајковски на првиот меѓусебен дуел со Бјерингбро-Силкеборг забележа 11 одбрани.
– На дуелот со Силкеборг ја почувствувавме силата на данскиот ракомет. На мечот во гости треба да ги поправиме грешктие и да го дадеме максимумот – рече Трајковски.