Тренерот на ЦСКА Москва, Рајковиќ: Најтешкото допрва доаѓа во наредната година

фото: kfsm.mk

Емил Рајковиќ, тренерот на ЦСКА Москва е најдобриот македонски репрезент во странство.

Втора година по ред, ја добива наградата, само како потврда повеќе за посветеноста кон работните обврски кои ги има на руско тло, прво во Саратов, а од пред неколку месеци и како предводник на „црвената армија“, најдобриот руски клуб на сите времиња.

– Би сакал да им ги честитам претстојните Новогодишни и Божиќни празници на сите кои се дел од кошарката во Македонија, и да ѝ се заблагодарам на Mакедонската кошаркарска федерација, за наградата најдобар тренерски репрезент на македонската кошарка во странство – рече Рајковиќ.

Оваа година беше голем предизвик за нашиот тренер, лично, но и за стручниот штаб со кој што работи.

– Сите тие победи, успеси немаше да бидат возможни без соработката со моите со најблиските соработници, кои што ги знаете и самите, Сашо Тодоровски, кој што е многу години со мене и ми помага во работата. Исто така и Марко Величковиќ, добро познат за македонската јавност, затоа што работи со мене уште од времињата кога работев во Работнички. Најтешкото допрва доаѓа во наредната година. Се надевам дека ќе имаме уште можности, и причини за гледање, и би сакал да им посакам среќа, посебно на федерацијата во претстојните, во понатамошните борби за пласман на сениорскиот национален тим во квалификациите – вели од Москва, Рајковиќ.

Војдан најдобар кај мажите, Стојановска кај жените: Избрани најдобрите во македонската кошарка за 2022 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот