Тренерот на Бреидаблик веќе ја најави тактиката за Струга Трим Лум: Ќе бидеме цврсти, брутални, максимално фокусирани

Foto facebook Knattspyrnudeild Breiðabliks

Оскар Храфн Полвардсон, тренерот на исландскиот клуб, противник на стружани во плејофот од квалификациите за Конференциската лига, смета дека нашиот шампион е добар тим, но можат да го победат

Струга Трим Лум направи голем успех со пласманот во плејофот од квалификациите за Конференциската лига откако во третото коло го елиминира Есперанж од Луксембург.

Стружани сега во плејоф фазата ќе се сретнат со Бреидаблик од Исланд, а имаат голема желба да го елиминираат и да стигнат до групната фаза.

Исландскиот тим има исто така голема амбиција да се пласира во групната фаза, што би му било првпат во клупската историја. Ако се суди според изјавите на тренерот Оскар Храфн Полвардсон, овој тим е многу мотивиран пред двомечот со Струга Трим Лум.

– Ќе биде клучно да бидеме цврсти, брутални и максимално фокусирани… Сум видел два-три меча на тој тим (Струга Трим Лум н..з.) и тоа е добар тим, но тоа е тим што можеме да го победиме – вели тренерот на исландскиот клуб, а пренесува сајтот fotbolti.net.

Струга ќе биде домаќин на првиот натпревар со Исланѓаните на 24 август, што ќе се игра во Струмица. Реваншот е седум дена подоцна во Исланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот