Трамп: Путин нема да го напаѓа Киев една недела оти студи, баш убаво од него

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил една недела да не врши напади врз Киев, поради екстремно студеното време, објави „Ројтерс“.

– Лично го замолив претседателот Путин една недела да не пука врз Киев и врз други градови, и тој се согласи на тоа. Тоа беше многу убаво. Многу луѓе ми велеа: „Не трошете го повикот, нема да го добиете тоа“. А тој го стори тоа – изјави Трамп на состанок на Владата, повикувајќи се на „исклучително студените услови“ во регионот.

За потсетување, Русија не го прифаќа барањето за прекин на огнот што го изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Неговата изјава, како што се оценува, се однесува на идејата за таканаречено „енергетско примирје“, за кое портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно одби да даде коментар.

Русија не го прифаќа предлогот за „енергетско примирје“ на Зеленски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот