Русија не го прифаќа предлогот за „енергетско примирје“ на Зеленски
Русија не го прифаќа барањето за прекин на огнот што го изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, објави „Киев пост“ на платформата „Икс“.
Препорачано
Неговата изјава, како што се оценува, се однесува на идејата за таканаречено „енергетско примирје“, за кое портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно одби да даде коментар.
The ceasefire sought by Zelensky is unacceptable to Russia, Russian foreign minister Lavrov said.
The comments appeared to refer to a proposed energy ceasefire, which Kremlin spokesperson Peskov earlier declined to comment on. pic.twitter.com/EdCI72wBgF
— KyivPost (@KyivPost) January 29, 2026
Во јавноста претходно се појавија непотврдени информации дека и руските и украинските сили добиле насоки привремено да ги запрат нападите врз енергетската инфраструктура. Овие тврдења се појавија на воени блогови и телеграм-канали, без официјална потврда од Москва или од Киев, а беа пренесени од „Киев пост“.
Блогерот Владимир Романов кој е про-Кремљ тврдеше дека на руските сили наводно им било наложено да не напаѓаат инфраструктурни објекти низ Украина, вклучително и во Киев и неговата околина, како и трафостаници, термоцентрали, хидроцентрали и складишта за гас, нафта и гориво. Според овие наводи, ограничувањето требало да важи до 3 февруари.
Украина и САД размислуваат за „енергетско примирје“ со Русија
Истовремено, украинскиот канал „Супернова плус“ објави дека слична, неофицијална инструкција наводно била пренесена и до украинските војници, со повик да се воздржат од напади врз руската енергетска инфраструктура.
Овие информации беа поврзани со трилатералните разговори одржани на 23 и на 24 јануари во Абу Даби, во кои учествуваа и САД.
На состанокот наводно се разгледувала можноста Русија да ги запре нападите врз украинските енергетски објекти, во замена за воздржаност на Киев од напади врз руски нафтени постројки и танкери.
Сепак, дел од украинските извори предупредија дека нема постигнат конечен договор и дека евентуалниот прекин би бил само привремен.
„Украина е пион на Западот“
Украина е пион, инструмент на Западот, кој тој го користи за создавање директни закани за безбедноста на Русија, изјав Лавров во интервју за турски медиуми, пренесе ТАСС.
– Украина е пион и алатка што Западот ја користи за изградба на упориште директно на границите на Руската Федерација, со цел да создаде директни закани за нашата безбедност. Дали овој конфликт го сметаме за голема конфронтација меѓу Русија и Западот? Одговорот е „да“ – рече шефот на руската дипломатија.
Русија прифаќа средба Путин-Зеленски, но само под еден услов


