Трамп откри што му рекла Меланија во текот на пукањето во Белата куќа
Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп беа евакуирани од вечера со Здружението на дописници од Белата куќа во саботата навечер откако вооружен човек отвори оган врз безбедносниот персонал, потврдија официјални лица.
Препорачано
ФБИ соопшти дека вооружениот човек пукал во агент на Тајната служба. Трамп подоцна рече дека агентот преживеал благодарение на неговиот панцир и е во добра состојба. Инцидентот брзо бил ставен под контрола, рече тој, а вооружениот човек бил уапсен.
Доналд Трамп подоцна открил што му рекла првата дама, Меланија Трамп, веднаш по пукањето во хотелот „Вашингтон Хилтон“.
– Секогаш е шокантно кога се случува нешто вакво – рекол Доналд Трамп на прес-конференцијата во Западното крило на Белата куќа, еден час по инцидентот.
Потоа детално опишал како нападот го доживеала неговата сопруга Меланија, пренесува „Дејли мејл“.
– Седевме еден до друг, првата дама од моја десна страна, и слушнав звук – рекол Трамп, додавајќи дека мислеле дека е „или послужавник или куршум“.
– Слушнав звук и помислив дека тоа е послужавник што паѓа – рекол тој.
Трамп рекол дека Меланија веднаш го препознала звукот како „лош“, додавајќи дека „тоа било мошне травматско искуство за неа“.
– Меланија беше многу свесна – продолжил тој.
Американскиот претседател, исто така, го споделил стравот на својата сопруга за неговата безбедност со оглед на бројните обиди за атентат врз него.
– Првата дама заврши фантастична работа. Таа ја сака оваа земја. Ја разбира подобро од кој било друг. Но, неколкупатит ми рече: „Твојата работа е опасна.“
ВИДЕО | Пукање на вечера на која бил Трамп – претседателот итно евакуиран, повреден таен агент
ВИДЕО | Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп


