Трамп не одговора на незгодни прашања: Си замина од прес кога новинарката му го постави ова (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја напушти вчерашната прес конферецнија откако новинарка го праша за неговата лажна изјава за здравствената заштиа за ветераните која ја повтори повеќе од 150 пати.

Трамп на конференцијата повторно изјави дека тој лично ја одобрил здравствената програма за ветераните.

„Се обидуваа тоа да го протуркаат со десетлетија и десетлетија. Ниту еден претседател не успеа тоа да го среди. Освен јас“, рече Трамп.

Но вистината е дека програмата Избор на ветераните (Veterans Choice) ја протурка поранешниот претседател Барак Обама кој законски ја одобри во 2014 година, пишува Си Ен Ен.

Трамп всушност го потпиша законот VA MISSION од 2018 година во кој се проширени критериумите за прифаќање во таа програма. Наместо да го изнесе вистинскиот редослед на настаните, Трамп повторно нагласи дека тој е единствен  заслужен за програмата Избор на ветераните, наведувајќи дека другите претседатели не успеале да ја протуркаат таа програма во последните „50 години“.

„Зошто постојано тврдите дека вие сте ја одобриле програмата Избори на ветераните?”, го запраша американскиот претседател дописничката на Си Би Ес Њуз Пола Рид.

Трамп се обиде да го игнорира нејзиното прашање и да одговори на прашањето на друг новинар но Рид беше упорна.„Рековте дека вие сте го одобриле Избор на ветераните. Тој е одобрен во 2014 година… Изнесовте лажна изјава“, продолжи новинарката.

Трамп после тоа застана, а потоа одговори: „Во ред. Ви благодарам многу на сите“. Потоа си замина од конференцијата.

Трамп досега ниту еден новинар не го испитувал на овој начин за неговите изјави за програмата Избор на ветераните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот