Трамп: Не е безбедно за Иран да настапи на Светското првенство
Претседателот на САД, Доналд Трамп, предизвика нова контроверзија со објава на својата социјална мрежа во која порача дека не смета дека е соодветно иранската репрезентација да учествува е на претстојното Светско првенство во фудбал.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Фудбалската репрезентација на Иран е добредојдена на Светското првенство, но мислам дека не би било соодветно да дојдат, пред сè поради нивната сопствена безбедност“, напиша Трамп.
Само еден ден претходно, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, по разговор со американскиот претседател изјави дека иранската репрезентација е добредојдена на турнирот кој ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.
Сепак, неколку часа подоцна пристигна остар одговор од Техеран. Иранскиот министер за спорт, Ахмад Доњамали, во изјава за државната телевизија порача дека Иран под никакви услови нема да учествува на Мундијалот.
„Со оглед на тоа што корумпираниот американски режим го уби нашиот лидер, ние нема да настапиме на Светското првенство. Во последните месеци сме вовлечени во два воени конфликти во кои загинаа илјадници наши граѓани“, изјави министерот.
Според актуелниот распоред, Иран требаше да настапи во групата„ Г“ заедно со Белгија, Египет и Нов Зеланд. Два од нивните натпревари беа планирани во Лос Анџелес, а еден во Сиетл.
Постоеше и можност за политички и спортски исклучително чувствителен дуел меѓу САД и Иран во осминафиналето, тоа во случај на настап на Иран би се случило ако двете селекции го освојат второто место во своите групи.
Ако Иран навистина се повлече од турнирот, правилата на ФИФА предвидуваат местото да го пополни друга репрезентација, најчесто следната најдобро пласирана од квалификациите или највисоко рангираната селекција од истата конфедерација која не обезбедила пласман.
Во такво сценарио, најголема корист би можела да има репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати, која беше највисоко рангиран тим во азиските квалификации што не успеа да се пласира на Мундијалот.
Инфантино: Трамп повтори дека Иран е добредојден да игра на Светското првенство 2026


