Трамп ја тужи својата внука бидејќи им дала информации на новинарите за неговите измами

Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја тужи својата внука Мери Трамп поради текст објавен во Њујорк тајмс во 2018-та година, во кој таа соработувала со новинарите за да ја осуди неговата даночна измама, пренесува Вашингтон Пост.

Мери Трамп открила доверливи информации

Трамп ја тужеше својата внука за откривање доверливи документи, кои укажуваат на даночни измами извршени од Доналд Трамп. Додека Мери Трамп во своите мемоари објавени во 2020 година-та призна дека била извор на новинарската истрага, Трамп сега ја обвинува за прекршување на договорот според кој не смеела да ги открие тие доверливи информации.

Инаку, Мери Трамп е ќерка на починатиот брат на Трамп, Фред Трамп Џуниор, кој починал во 1982-та година на 42 -годишна возраст.

„Премногу и никогаш доволно“

Досега, Доналд Трамп постојано ги негираше обвинувањата на 56-годишната внука од нејзината книга „Премногу и никогаш доволно-како моето семејство создаде една од најопасните луѓе во светот“. Во таа книга, Мери Трамп детално опишува како им помогнала на новинарите да најдат извори за нивната долга репортажа, во кој е детално прикажано како Трамп, со помош на даночна измама и други нелегални активности, успеал значително да го зголеми своето богатство во текот на 1990 -тите години, оставено од неговите родители.

Книгата на Мери Трамп, во која споделува информации за измамите на Доналд Трамп/ Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Одмазда на Мери Трамп за наследство?

Според тужбата, новинарите на Њујорк Тајмс Сузан Крег, Дејвид Барстоу и Расел Бутнер соработувале со Мери Трамп затоа што таа сакала „да му се одмазди на својот вујко“.
Минатата година, самата Мери го тужеше чичко и Доналд. Во тужбата се наведува дека поранешниот американски претседател, заедно со другите членови на семејството, ја „оттурнале“ од наследството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот