Трамп и Путин зад затворени врати го кроеле крајот на војната? Денови се во прашање за потпишување мировен договор
Пакетот содржи 28 точки распоредени во четири категории: решенија за мир во Украина, безбедносни гаранции, европска безбедност и идните односи меѓу САД, Русија и Украина.
Документот што треба да ја отвори вратата кон решавање на украинската криза, според написите на „Политико“, би можел да биде усвоен многу скоро, пренесе Блиц.
Препорачано
Според наводите, во Белата куќа владее уверување дека рамковниот договор за прекин на конфликтот може да биде усогласен од сите страни најдоцна до крајот на овој месец, а постои можност тоа да се случи и значително порано – веќе оваа недела.
Истовремено, порталот „Аксиос“ претходно откри дека САД одреден период водат „тајни консултации“ со Русија, со цел изработка на нов план за ставање крај на војната.
Пакетот содржи 28 точки распоредени во четири категории: решенија за мир во Украина, безбедносни гаранции, европска безбедност и идните односи меѓу САД, Русија и Украина.
И покрај тоа, останува нејасно како ќе реагираат Киев и европските партнери на можниот договор. Кремљ, преку портпаролот Дмитриј Песков, соопшти дека од средбата меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп на Алјаска нема нови иницијативи за мировно решение, бидејќи темата веќе била разгледувана таму.
Русија и Украина оваа година одржаа три рунди разговори во Истанбул – на 16 мај, 2 јуни и на 23 јули. Последните разговори донесоа согласност за продолжување на неограничена размена на тешко ранети и тешко болни заробеници. Москва понуди да му предаде на Киев уште 3.000 тела на загинати украински војници, како и размена на најмалку 1.200 заробеници од двете страни.
Русија исто така предложи создавање три работни групи – политичка, хуманитарна и воена. Но, Украина не одговори на иницијативата, по што процесот на преговори целосно застана.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп испрати висока делегација од Пентагон во Киев, со задача да ги оживее преговорите за прекин на војната. Информациите ги пренесе „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од американската администрација.


