Трамп го одложува самитот на Г7

Тој нагласи дека сака да го прошири со други држави со образложение дека сегашниот облик е  „многу застарен” и не одразува добро „што се случува во светот”.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го одложи состанокот на Групата на седум (Г7) најразвиени земји до есен, што беше планиран за следниот месец во САД и покрај епидемијата на коронавирусот. Тој нагласи дека сака да го прошири со други држави со образложение дека сегашниот облик е  „многу застарен” и не одразува добро „што се случува во светот”.

Тој изјави дека сака да го прошири тој собир со Русија, Австралија, Јужна Кореја и Индија.

– Не чувствувам дека Г7 правилно го претставува она што се случува во светот. Тоа е многу застарена група на земји, рече Трамп и додаде: „Би сакал да ги поканам Русија, Јужна Кореја, Австралија и Индија да учествуваат во проширениот самит.

Трамп посочи дека се уште не поставил нов датум за состанокот, но дека смета дека тоа би можело да се одржи во септември, во исто време со годишниот собир на светските лидери во ОН во Њујорк или можеби по изборите во САД во ноември.

Директорот на стратешката комуникација во Белата куќа, Алиша Фарах, рече дека Трамп сака да донесе некои од традиционалните сојузници на САД и држави погодени од коронавирусот.

Изјавата на Трамп беше дадена по објавата од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел дека таа нема да учествува на состанокот, освен ако не се промени трендот на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот