Трајковски: Не не интересираат никакви математики во Перм

фото: КФСМ

Кошаркарската репрезентација на Македонија интензивно се подготвува за настапот на квалификацискиот турнир во Перм кој ќе се игра од 18 до 22 февруари.
Еден од адутите на селекторот Александар Тодоров во играта под кошевите ќе биде Бојан Трајковски кој смета дека не треба да се прават никакви математики и да се чуваат силите за дуелот со Естонија.
– Непишано правило во спортот е дека секогаш кога се прават некои математики крајниот резултат никогаш не излегувал како што се посакува. Како и да е, ние од првиот натпревар со Италија, па се до оној со Естонија, ќе влеземе максимално подготвени. Со сите ќе играме максимално, па здравје боже, ако добиеме еден од првите три натпревари тогаш можеме да направиме некои калкулации да бидеме поодморени, посвежи за тој натпревар со Естонија. Но пак ќе кажам, не зависи се од нас. Може и Естонија да изненади и да победи со Италија или Русија. И на крајот математиките да останат само математики. Ќе повторам дека треба добро да се подготвиме во овие десетина дена. Олеснителна Секој натпревар ќе биде приказна сама за себе. Одиме подготвени на секој натпревар. Пак ќе кажам, математики нема да правиме. Се надевам дека сите мои сограчи размислуваат исто како мене за ова. Ќе влеземе максимално во секој меч. Јас сум оптимист, во секој поглед. Дури сум оптимист уште за првиот натпревар на турнирот во Перм, со селекцијата на Италија. Затоа што во претходниот период не бевме комплетни. Затоа што сите овие последни седум-осум години како генерација не бевме комплетни. Се надевам дека сега тоа ќе биде така. И дека ќе дадеме максимум на крајот ќе се радуваме сите заедно, дај боже, на тоа европско првенство – вели Трајковски за официјалната страница за Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ).

Репрезентацијата на квлаификацискиот турнир во Перм, Русија, ќе настапи со нова центарска линија, натурализираниот Џејкоб Вајли и младиот и екстаталентиран Теодор Симиќ.

– Со Вајли се знаеме доста подобро. Се запознавме со него во претходниот циклус, беше со нас во тој „балон“ во Естонија. Му посакувам да биде максимално подготвен, особено по ситуацијата во која влезе со неговиот клуб Гран Канарија во изминатиот период. Пред нас имаме десет дена во кои повторно ќе работиме заедно. Ќе се запознаеме уште подобро. Дечкото е феноменален, како личност, како играч. Ќе ни биде од многу голема помош. Тео, за него е најдобро, за почеток барем, што е тука. За играње, мислам дека нема да има некој поголем простор во Перм. Но најбитно е што е тука, затоа што од високите играчи од оние млади категории, отскокнува во однос на сите други. Се надевам дека ова ќе му биде некоја лекција постепено во годините што следуват, да дојде до она потребно играчко искуство од ваков тип, репрезентативно, и да биде идниот лидер и на сениорскиот национален тим – смета Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот