Трагично заврши животот на шестгодишно дете во САД: Мајка му им покажа среден прст, тие запукаа

Фото: Твитер

Шестгодишно момче  е убиено додека се возело со својата мајка југоисточно од Лос Анџелес, откако таа му покажала среден прст на друг возач.

Мајка го водела Ејден Леос во училиште во петокот наутро по локално време, а двајцата возеле по Стејт Роуд 55 во округот Оранж, југоисточно од Лос Анџелес, кога друг автомобил наеднаш и го пресекол патот.

Мајката на момчето го насочила средниот прст кон возачот во ретровизорот, но како што тргнала на десната лента, убиецот, кој седел на совозачкото место на друг автомобил, одеднаш пукал, погодувајќи го момчето во грбот, објави „Мирор“.

Последните зборови на Ејден беа „мамо, мамо, ме боли стомакот“.

Откако го запрела автомобилот, мајката на Ејден брзо истрча на негова страна и го зела во рацете.
Полициски службеник кој не бил на должност случајно поминал покрај него, застанал и се обидел да го спаси малото момче со вештачко дишење и масажа на срцето сè додека не пристигнала Брзата помош, но за жал Ејден починал кратко потоа.

За време на прес-конференцијата, сестрата на Ејден, Алексис, изјави дека нивната мајка имала крв на облеката и дека откако бил погоден, малиот Ејден почнал да ја менува бојата на лицето.

– Така изгледаше пред да пристигне брзата помош, а тоа беше последен пат неговата мајка да го види жив. Ве молиме, помогнете ни да ги пронајдеме убијците на мојот мал брат. Имаше само шест години и беше толку симпатичен. Тој беше прекрасно момче, ве молам помогнете ни да ги најдеме сторителите – низ солзи рече Алексис.

Фотографиите од местото на несреќата покажуваат дупка од куршум на страната на автомобилот на несреќната мајка – се верува дека куршумот поминал кон задното седиште, каде што седел Ејден.

Веб-страницата GoFundMe веќе собра 39.000 УСД за погреб на момчето и за помош на неговото семејство.

Се верува дека маж и жена се возеле во другиот автомобил, и дека совозачот испукал смртоносен куршум и дека станува збор за автомобил „фолксваген“.

Полицијата сè уште не објави информации за осомничените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот