Трагедија во семејството на Ријана: Ненадејно почина братучетката на пејачката

Танела/Ријана/Фото: Принтскрин/Инстаграм/Anthony Behar/PA Images/ Profimedia

По големата радост на раѓањето на второто дете, пејачката Ријана се соочи со голема тага. Нејзината сакана братучетка Танела Алејн ненадејно почина на само 28 години на Барбадос. Оваа трагична смрт следува само шест години откако братот на Танела, Тавон, беше смртно застрелан.

Танела е погребана во кругот на семејството во црквата Св. Џорџ Периш во родниот Барбадос на Ријана. На погребот се свирела баладата на Ријана „Lift Me Up“, но не се знае дали на церемонијата била и самата пејачка.

Во текот на својот говор на погребот, жената којашто ја посвоила Танела Алејн, Џули-Ен Брајан, се присетила на неа како на жена која „живеела живот полн со благодарност со огромен став и со прилично голема самодоверба“.

„Имаше нешто посебно во Нела. Беше силна и храбра. Нашата љубов една кон друга секогаш постоеше“, рекла таа на крајот.

Причината за смртта не е откриена, но таа ќе остане запаметена како „храбра и силна“.

Алејн, која имала 55.000 следбеници на Инстаграм до нејзината смрт, трагично ја изгубила и својата сестра близначка Танеиша кога имала само 14 години.

На погребот, нивната посвоителка изразила и благодарност што имала време да ги сака „Танеиша 14 години и Танела 28 години, додека Тој не ги повикал дома“.

Братот на Танела, Тавон, беше убиен на Свети Стефан 2017 година, кога имаше само 21 година. Тој беше убиен еден ден откако го помина Божиќ со Ријана. Пејачката беше на неговиот погреб и беше преплавена од емоции.

Подоцна на социјалните мрежи се прости од него со зборовите:

„Спиј мирно пријателе… мирни сме затоа што знаеме дека си на подобро место од нас“.

Во 2021 година, пејачката ја одбележа и четвртата годишнина од смртта на Тавон со серија заеднички фотографии.

„Ми недостигаш ти и твојата насмевка“, напиша таа покрај сликите.

Смртта на Танела доаѓа само неколку недели откако Ријана го доби своето второ дете со момчето АСАП Роки.

„Дали тајно се венчале?“: Ријана и Ејсап Роки ги поттикнаа гласините за брак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот