На поранешниот ракометар му се слошило во неговото возило по што итно е префрлен во болница, но не успеа да ја добие најважната битка, за сопствениот живот.
Ракометна Хрватска е во тага, легендарниот Златко Сарачевиќ почина на 60-годишна воздраст по натпреварот на неговиот тим Подравка вегета и Локомотива.
Сарачевиќ починал откако лекарите во болницата „Др. Томислав Бардек“ во Копривница, 40-тина минути се обидувале да го реанимираат.
Тренерот на Локомотива веднаш по натпреварот ја напуштил салата и со својот автомобил тргнал да ја однесе дома, Барбара Станчин, која е тренер на голманките на Подравка. На еден од семафорите во Копривница, наеднаш му се слошило по што Барбара повикала итна помош. Првичните сомнежи биле дека станува збор за срцев удар, лекарите се обидуваа да му го спасат животот, но за жал, не успеаја.
Terrible et triste soirée sur la planète handball avec l’annonce du décès de la LEGENDE Zlatko Saracevic🇭🇷 😰 #RIP pic.twitter.com/Lp6kQm940p
— Handball-lefilm (@handballlefilm) February 21, 2021
Златко Сарачевиќ се смета за еден од најдобрите хрватски ракометари на сите времиња, играше на десната бековска позиција, а најголемиот успех го постигна на Олимписките игри во Атланта 1996 година, кога со „коцкестите“ го освои златниот медал.
Со репрезентацијата на поранешна СФР Југославија на ОИ во Сеул 1988 година го освои бронзениот медал, додека 1986 година триумфира на Светското првенство во Швајцарија. Со репрезентацијата на Хрватска има сребрен медал на СП 1995 година и бронзен од ЕП 1994 година.
Во клупската кариера, настапуваше за Борац од Бања Лука, Медвешчак, Ним, Бордо, Кретеј, Истр, Загреб, Веспрем и Замет по што и се посвети на тренерската кариера. Сатачевиќ ги тренираше Замет, Нирегијаза, Челик, Загреб, Дубровник и Подравка.