Трагедија на Закинтос: Семеен питбул уби 18-месечно бебе

Детето било во дворот на својата куќа кога разбеснетиот домашен миленик го нападнал, објави порталот Прототема.

На грчкиот остров Закинтос се случи голема трагедија кога семеен питбул уби 18-месечно бебе.

Детето било во дворот на својата куќа кога питбулот му се приближил и, од непозната причина, го нападнал, објави порталот Прототема.

Бебето починало откако беше нападнато од разбеснетиот домашен миленик.

Според локалните медиуми, детето останало во дворот на својата куќа откако кратко пред тоа се вратило од шопинг со своите родители.

Родителите во паника повикале служби за итни случаи и детето беше однесено во болница.

Сепак, веќе беше предоцна. Таткото на детето е од албанско потекло, а мајката е Британка и двајцата живеат на островот Закинтос со години.

Локалната заедница е шокирана од инцидентот, а надлежните органи веќе се мобилизираа за да ги истражат околностите на нападот.

Родителите се во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот