Трабзонспор со интерес за Аријан Адеми

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Како што пренесуваат турските медиуми, Трабзонспор во желбата да влезе што поамбициозен следната сезона, сака да го ангажира Аријан Адеми.

Адеми моментно е со најдобрата македонска репрезентација која денеска ја очекува натпреварот од квалификациите за ЕП 2024 во Скопје против Украина.

Нашиот играч сезонава моментно ги брани боите на кинескиот клуб Пекинг Гуан, по разделбата со Динамо Загреб.

Турците за Адеми велат дека за „модрите“ настапуваше од 2010 година со 41 гол и 30 асистенции во 359 настапи.

Договорот на искусниот 32-годишен фудбалер со Пекинг Гуан истекува во 2025 година.

Потсетување дека во редовите на Трабзонспор настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди кој ланската сезона во турската Супер лига имаше шест голови во 30 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот