Панче Тошковски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тошковски: Анакиев е фатен на дело со обележани пари

Притворениот директор на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, поднел жалба за мерката притвор откако, според полицијата и Обвинителството, беше фатен со 50 илјади евра кои наводно ги барал како поткуп за да издаде согласност за влез на камион со земјоделска стока.

Пред судот да одлучи по жалбата, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, коментирајќи го случајот со Анакиев, потпретседателот на Социјалистичката партија, која е дело од власта, испрати порака дека „за рекетирање, посебно кога функционери се фатени на дело, ќе има строга истрага и одговорност.

Тошковски откри дека Анакиев бил фатен на самото место каде што ги примил парите, кои претходно биле обележани.

„Ова е еден од случаите коишто ја потврдуваат неселективната борба на Министерството за внатрешни работи, посебно против оние коишто го срамат својот народ од позиција на директор, на кој му била дадено функција од страна на народот преку Собранието, Владата итн. Тој е фатен во рамки на постапка како рекетира, наводно, еве да го употребам и тој термин, заради тоа што, нели, немаме правосилна пресуда. Но од позиција на министер за внатрешни работи, слободно можам да кажам дека на самото место е фатен со одредена сума на пари коишто претходно беа соодветно обработени обележани итн. во соработка со Јавното обвинителство, вели Тошковски.

„Со ова упатуваме една многу силна порака, а тоа е дека нема недофатливи, нема недопирливи — секој којшто ќе се огреши, особено на штета на македонските граѓани, со рекетирање и корупција — ќе одговара“, додава министерот за внатрешни работи.

Социјалистичката партија се огласи откако ѝ го уапсија потпретседателот Васе Анакиев, осомничен за поткуп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот