Топланите смеат да работат на мазут само 10 дена, за подолго треба дозвола од МЖСПП

Топлификација БЕГ парно греење / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Топланите Запад и Исток во случај на недостиг на гас, можат да користат мазут како резервен енергенс само 10 дена, а за негова понатамошна употреба потребна е согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање, изјави директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

 Ставот на Министерството за животна средина и просторно планирање е дека на пазарот има гас и нема да се дозволи овие постројки да работат на друг енергенс освен на гас. И во нивните дозволи е наведено дека во случај да нема гас на пазарот, тие може да работат 10 дена на мазут. Државниот инспекторат ќе ја следи исклучиво дозволата што им е издадена – рече Стојковски.

Тој објасни дека дозвола за работа на мазут на топланите за 10 дена им е издадена во претходниот период. Топланата „Скопје Север”, посочи тој, е под надлежност на Градот Скопје, а на останатите топлани за сите наредни активности по истекот на 10-те дена, потребна им е дополнителна дозвола.

За сите наредни активности што се надвор од дозволата, топланите мора да добијат согласност од МЖСПП. Државниот инспекторат за животна средина ги контролира актите што ги издава МЖСПП и тоа што пишува таму. Значи, не е стручен орган да дава мислење дали може да работат или не може. Ние го контролираме тој дел и кажуваме доколку сакате да работите повеќе од 10 дена треба да си обезбедите соодветна дозвола од МЖСПП – вели Стојковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот