Токсично пријателство: Како да го препознаете?

Токсичното пријателство е деструктивна врска, во која обете страни даваат свој придонес.

Токсичното пријателство не е составено само од една личност. Тоа што е токсично, секогаш влијае на најмалку две лица. Во некои случаи, и двете лица вклучени во ова пријателство имаат очигледни токсични однесувања. Во други случаи, сепак, едниот од двајцата е активен „агент“, а другиот пасивен, а вториот речиот секогаш има многу мала самодоверба. Не станува збор за идентификување на доброто или лошото, туку на несоодветните и деструктивните врски и начини на поврзување. Позната е девизата „Слични со слични се дружат“. Во човечките односи, свесно или несвесно, ги бараме и привлекуваме оние што имаат јаки и слаби страни слични на нашите. Честопати се случува личности со високо ниво на ментално здравје да се здружат со невротична или „токсична“ личност. Можеби ниската самодоверба и проблематичното, фрустрирачко детство наведуваат една личност да бара пријател со кого се создава ова токсично пријателство.

Понекогаш само треба модификација на ваквата врска, а понекогаш единственото решение е да ја раскинете. Во секој случај, важно е да знаете да ги идентификувате симптомите што укажуваат на токсична врска. Во продолжение, ви претставуваме некои од нив.

Во токсично пријателство, другиот постојано се деградира

Токсичното пријателство е вообичаено кај луѓето со ниска самодоверба. Еден од најштетните аспекти на овој вид врски е тоа што другиот не се деградира директно, туку тајно. Ако деградирањето стане јасно, тогаш тоа, веројатно, ќе доведе до прекинување на пријателството.

Во токсичното пријателство постои амбивалентност: истовремено сте и пријатели и непријатели. Во исто време постои близина и растојание. За поддршка на оваа двојна игра, се користи прикриена критика. Општо, ова се случува од двете страни и станува константно со текот на времето. Двете лица прават штета, но успеваат да ја сокријат. Целта е да се намали вредноста на другата личност и нејзините достигнувања.

Постојано се чувствувате лошо

Недвосмислен симптом на токсично пријателство е чувството кое останува откако ќе поминеме време со одредена личност. Понекогаш, чувствувате некаква тежина. Се чувствувате емоционално исцрпено. Може да се почувствува и некаква иритација, но причината не е јасна зошто тоа го чувствувате. Понекогаш дури се чувствувате виновни или тажни. Но што е пострашно, неизбежно продолжувате да го повторувате истото искуство, последователно, со секоја нова средба.

Негативни верзии

Некои пријатели се обединети од негативните заеднички ставови и карактеристики кои ги споделуваат. Понекогаш е доволна и критиката на другите. Во овие токсични пријателства озборувањата, интригите и клеветите се акцентирани. Се споделува разочарувачка гледна точка, што ги храни веќе постојните конфликти. Токму овој став ги обединува двата субјекта.

Нема реципроцитет

Здравото пријателство претпоставува реципроцитет и рамнотежа. Кај токсичното, нема реципроцитет. Токсичното пријателство одзема многу повеќе од она што го дава. Во реалноста, тоа е многу малку поврзано со пријателство. Може да има посебна меѓусебна симпатија, но начинот на кој е структуирана врската или начинот на кој се остварува врската, предизвикува да биде штетен и за обајцата. Проблемот не го претставува само другата личност, туку и онаа што пасивно го одобрува овој однос.

Понатаму, на вас останува дали ќе ја прекинете оваа „пријателска“ врска или ќе продолжите да примате токсини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот