Тодоров со 17 репрезентативци на квалификацискиот турнир за ЕП

Фото: kfsm.mk

Машката сениорска репрезентација на Македонија од 10 февруари (среда) ги стартува мини-подготовките за февруарскиот ФИБА „прозорец“, и натпреварите на турнирот во Перм (Русија).

Првиот собир, селекторот Александар Тодоров го закажа од 13.00 часот, во големата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде ќе се тренира сè до предвиденото заминување за Русија.

Во Скопје ќе бидат одработени вкупно пет тренинзи. Првите четири од 13.00 часот, додека оној последниот, во недела, на 14 февруари, ќе биде од 15.00 часот.

„Балонот“ во Перм го отвораме со мечот против Италија, на 18 февруари. Наредниот ден играме со селекцијата на Русија. По единствениот ден за пауза, на 21 нè чека втората средба со Италија, додека пак на 22 февруари е веројатно и најважниот меч во квалификациите, против репрезентацијата на Естонија.

На 15 февруари, во раните утрински часови е планирано тргнувањетоза Перм со специјален чартер-лет кој го обезбеди нашата федерација.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ ЗА ПОДГОТОВКИТЕ И НАСТАП ВО ФЕВРУАРСКИ КВАЛИФИКАЦИСКИ ЦИКЛУС ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2022 ГОДИНА

1. Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
2. Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
3. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
4. Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
5. Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
6. Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
7. Марко Симоновски (Кожув)
8. Андреј Митревски (ТФТ)
9. Љубомир Младеновски (Работнички)
10. Виктор Ефремовски (Работнички)
11. Дамјан Робев (Куманово 2009)
12. Бојан Трајковски (Пелистер)
13. Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк – Франција)
14. Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)
15. Џејкоб Вајли (Гран Канарија-Шпанија)
*16. Ненад Димитријeвиќ (Хувентуд-Шпанија)
*17. Стојан Ѓуроски (ХЛА Аликанте-Шпанија)

*Ќе се приклучат подоцна на подготовките

СЕЛЕКТОР: Александар Тодоров
СТРУЧЕН ШТАБ: Ѓорѓи Кочов, Никола Василев, Горан Самарџиев, Никола Велев, Ерен Хангун

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот