Тиверија Брера и Каменица Саса ќе го играат куп финалето на стадионот на Македонија ЃП
Комитетот за итност на ФФМ донесе одлука, финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција да се одигра на 14 мај на стадионот на Македонија ЃП со почеток во 15 часот.
Препорачано
Во решавачкиот натпревар за трофејот во ова натпреварување ќе се сретнат фудбалерките на ЖФК Тиверија Брера и ЖФК Каменица Саса.
Согласно пропозициите за финалето на Купот во женска конкуренција оваа година ќе одигра со примена на ВАР технологијата.
За фудбалерките на Тиверија Брера ова е второ последователно финале откако минатата година беа совладани од Љуботен.
Претходно струмичанки беа финалистки во три едно по друго сезони и тоа во периодот од 2017 до 2019 година. Во 2018 година Тиверија Брера беше победник откако славеше во дуелот против Драгон.
Каменица Саса има можност да ја збогати колекцијата на трофеи во Купот на Македонија откако во 2022 триумфираше со 4:0 во мечот со Ас Јунајтед. Каменица Саса беше финалист во 2023 и 2024 година, а тогаш беа поразени во соочувањата со Љуботен.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
34мин
-
37мин
-
51мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


