Титаник: Писмо напишано од пастор кој својот спасувачки елек го подарил на друг патник ќе се најде на аукција за 38.000 американски долари

Instagram
Instagram

Џон Харпер, баптистички пастор од Шкотска патувал од Лондон кон Чикаго на 14 април 1912 година. За жал, Харпер никогаш не стигнал до Чикаго, потонувајќи со бродот „Титаник“.

Сестрата и ќерката на Харпер успеале да се спасат со помош на чамци за спасување, но тој доброволно се задржал на бродот, подарувајќи го својот спасувачки елек на друг патник, пренесува „Daily Mail“.

Instagram
Instagram

Според современите извештаи, 39-годишниот духовник го проповедал Евангелието додека тонел „Титаник“ и продолжил да сведочи во замрзнатата вода сè додека не се удавил. Рачно напишаното писмо во кое се заблагодарува на друг проповедник со кој се сретнал непосредно пред да се качи на бродот, ќе се најде на продажба со проценета вредност од 38.850 до 64.750 американски долари.

Instagram
Instagram

Џон Харпер бил пастор во Баптистичката црква „Walworth Road“ во Лондон. Тој патувал со своето семејство за да проповеда во црква во Чикаго.

Неговото писмо напишано на канцелариски материјал од бродот „Титаник“, датира од 11 април 1912 година, само три дена пред бродот да потоне, и бил испратено по пошта од Квинстаун, Ирска. Писмото било адресирано на брат Јанг, пастор во Баптистичката црква „Paisley Road“ во Глазгов.

Instagram
Една од последните фотографии од бродот „Титаник“ / Instagram

Драг мој брат Јанг. Ви ги пишувам овие зборови непосредно пред да стигнеме до Квинстаун уверувајќи ве дека не ве заборавив, а особено вашата љубезност додека бевме на север… Имав намера да ги испратам цените за воз на г-ѓа Прат непосредно пред да заминам, но во брзање, имав 11 или 12 служби до крајот на неделата, и не успеав да го направам тоа. Ќе ги испратам од Чикаго“, пишувал Харпер.

Instagram
Instagram

На собирот на преживеани, четири години по катастрофата, еден човек тврдел дека бил спасен од Харпер среде ледениот Атлантик.

„Јас сум последниот човек со кој што зборуваше Џон Харпер“, изјавил неименуваниот сведок.

Рачно напишаната белешка/писмо на Харпер ја продава приватен колекционер преку аукциската куќа „Henry Aldridge & Son Ltd“, заедно со други спомени од „Титаник“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот