Фото: rkprolet.mk

Тинекс Пролет рутински до триумф над Струга во плејаут натпреварувањето

Ракометарите на Тинекс Пролет ја забележаа и втората победа од стартот на плејаут натпреварувањето откако денеска ја оправда фаворитската улога против Струга, со триумф од 31:25.

Глигоров го постигна првиот гол во фуриозниот почеток на домашниот тим и раното водство од 4:1. Гостите намалија на 4:3, а потоа одржуваа некаква резултатска неизвесност само до 7:6.

Тогаш Тинекс Пролет предводен од Стоилевски (четири гола) направи серија од 5:0 за нова поголема предност од 12:6. Следеше мало опуштање кај Тинекс Пролет, што противникот го искористи за да намали на 15:12, но сепак на одмор се замина со 16:12 по голот што го постигна Василевски.

Тоа беше најава за фуриозниот почеток на второто полувреме во кое за нецели осум минути Тинекс Пролет стигна и до двоцифрено водство, кога Давитковски погоди за 23:13. Победникот практично беше решен на повеќе од 20 минути до крајот, па избраниците на тренерот Мајнов во остатокот од мечот рутински го приведоа дуелот до крај, славејќи со конечните 31:25.

Голманот Трајков имаше 11 успешни интервенции, додека во нападот најефикасни на Тинекс Пролет беа Палевски со девет, Стоилевски со седум и Давитковски со пет погодоци. На спротивната страна Наум Костов запиша седум, а Филип Мечкаровски пет голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот