Фото: EPA-EFE/ANDRE COELHO

Тинејџери запалиле автобус во Радовиш, полицијата им ја одзела запалката

Двајца тинејџери во Радовиш запалиле автобус кој бил паркиран во дворот на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“.

„На 25 јануари 2026 година, во 20:30 часот, во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ ‘Крсте Петков Мисирков’ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема,“ соопшти полицијата.

По преземени мерки, велат од МВР, полицајците утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш.

„Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава,“ се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот