Фото: Управа за извршување санкции / Фејсбук / илустрација

Тинејџери од Романија ограбиле златарница во центарот на Скопје

Полицијата вчера приведе двајца тинејџери од Романија кои краделе во златарница во центарот на Скопје.

Како што соопшти МВР, 19-годишните В.Л.П. и Ф.И.П. биле уапсени, откако претходно влегле во златарницата во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје и побарале да разгледаат златен накит, а откако била извадена футрола, насилно ја зеле од вработената и побегнале.

-Вчера во 12:10 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје ги лишија од слобода В.Л.П.(19) И Ф.И.П.(19), двајцата од Романија, поради сомнение дека извршиле кражба во златарница во трговскиот центар – се вели во соопштението.

На излез од трговскиот центар се фатени и уапсени, а кај нив се пронајдени 43 парчиња златен накит. Одземеното е вратено во златарницата, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот