Тимот што победува не се менува: „Уни Банка“ и петта година на дресот на МЗТ

„УНИ Банка“ насочи солиден дел од својот капацитет за помош на аеродромскиот кошаркарски клуб/Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

Сигурно една од најдобрите компании од финансиската сфера во нашата држава, „УНИ БАНКА“, продолжува да „држи“ лекции за тоа како треба да изгледа една општествено-одговорна компанија кај нас, со континуирано вложување во македонскиот спорт, откако и петта сезона по ред ќе биде еден од столбовите во спонзорскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром.

Дури и во овие кризни времиња, поради глобалната пандемија со коронавирусот, „УНИ Банка“ насочи солиден дел од својот капацитет за помош на аеродромскиот клуб, со цел достојно да ја претстави Македонија на регионална сцена.

– Тимот што победува не се менува, со оглед што нашиот тим со помош на големиот пријателја освои двојната круна минатата сезона, нешто што се надеваме дека ќе го сториме и во претстојната, по што потоа заеднички ќе го прославиме големиот успех.

Станува збор за една од најреномираните финансиски институции кај нас, која нуди широк спектар банкарски активности, почнувајќи од прибирање депозити, одобрување кредити на правни и физички лица, услуги во домашниот и во меѓународниот платен промет, до посредување во купопродажбата на девизи и хартии од вредност. Банката има околу 400 вработени, кои опслужуваат преку 200.000 клиенти во 30 експозитури, со голем број банкомати и е една од првите што воведе чип како заштитна технологија заедно со електронското плаќање преку интернет.

Се надеваме дека нашата заедничка успешна приказна со „УНИ Банка“ ќе биде и мотив повеќе за останатите општествено-одговорни компании кај нас да станат дел од нашиот победнички тим и да ни помогнат достојно да ја претставуваме Македонија како во регионот така и на европска сцена, како и да ја продолжиме доминацијата на домашна сцена која трае цела деценија – информираат од КК МЗТ Скопје Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот