Тијана Ајфон пуштена од притвор! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Старлетата Тијана Максимовиќ, позната како Тијана Ајфон е пуштена од притвор од Бјелина, откако беше уапсена поради проституција.

Оваа информација ја потврдил и нејзиниот адвокат Милош Стевановиќ и открил дека таа за брзо ќе биде во неговата канцеларија, а потоа ќе тргне за Белград, пишува „ИнфоБјелина“.

Тијана беше уапсена во акцијата „Кристал“, која се случи минатиот месец, кога на една забава во Бјелина беа затечени 36 луѓе.

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by Tijana Maksimovic (@ticamaksimovic) on

Старлетата во притвор се наоѓаше од 28 мај оваа година.

– Таа за време на истрагата се бранеше со молчење. Мислам дека наскоро ќе излезе од притвор, но јавноста ќе биде известена за тоа – изјави нејзиниот адвокт пред неколку дена.

Во акцијата „Кристал“ беа уапсени 16 членови на организирана меѓународна криминална група осомичена за производство и промет на дрога и оружје, како и за проституција. Во таа група беа 14 државјани на БиХ, еден државјанин на Словенија и една државјанка на Србија – старлетата Тијана Ајфон, која наводно и го организирала тоа собирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот