Тиаго Мота е фаворит за наследник на Гасперини во Аталанта
Откако гласините за можна преселба на фудбалскиот стручњак Џанпјеро Гасперини од Аталанта во Рома земаа замав во последните денови, почнаа прогнозите за тоа кој би можел да го замени во Бергамо.
Препорачано
Сепак, интерес за искусниот тренер не покажува само римскиот клуб, бидејќи според Скај Италија, иднината на 67-годишниот тренер со интерес ја следат и Милан и Јувентус.
Гасперини важи за фаворит за наследник на Клаудио Раниери во Рома од следната сезона 2025/2026. Тренерот на Аталанта веќе објави дека нема намера да го продолжи договорот по истекот во 2026 година, а претходно оваа недела призна дека е поласкан од интересот на „волчицата“.
Според голем број италијански медиуми, меѓу кои и Скај, веќе имало разговори меѓу Раниери, спортскиот директор Флорент Гисолфи и Гасперини. Се верува дека името на Гасперини наидува на едногласно одобрување во римскиот клуб.
Се поставува прашањето кој ќе ја преземе Аталанта, според Тутомеркатовеб, фаворит за тренерската позиција е Тиаго Мота, кој неодамна беше ослободен од Јувентус. Други имиња за кои се разговара се Маурицио Сари, Винченцо Италијано, Игор Тудор, кој го презеде Јувентус до крајот на сезоната, но се шпекулирад ека најверојатно нема да остане, како и Франческо Фариоли.


