Ти Џеј Шортс прв стрелец и против Венеција во Еврокупот

Ти Џеј Шортс („Париз“)/фото: instagram.com/parisbasketball

Париз Баскет славеше и во второто коло од групата „А“ во кошаркарскиот Еврокуп откако на гости со 75:81 славеше против Венеција.

Тоа е веќе втора победа за француската екипа, а моментно во оваа група „два од два“ имаат и Бешикташ и Лондон лајонс. Хапоел Тел Авив кој стартуваше со победа требаша денеска да го игра мечот против Волвс, но истиот е одложен поради воената состојба во Израел.

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс повторно блескаше во дресот на Париз Баскет.

Беше најефикасен во победата над Волвс (кога постигна 20 поени), сега повторно е прв стрелец во својот тим со учинок од 18 поени (шест асистенции). Од неговите тимски колеги најблиску до Хифи со 17 поени.

Недоволни беа најдобрите партии на двајцата играчи на италијанскиот клуб Симс (28 поени, 10 скокови) и Теситори (21 поен).

Во следното трето коло Париз Баскет на 18 октомври ќе му гостува на Хамбург кој има два порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот