ТФТ последен учесник во плеј-офот, МЗТ Скопје со триумф над Пелистер го потврди првото место

фото: КФСМ

Кошаркарите на ТФТ продолжуваат со одличните игри сезонава и по триумфот во Купот на Македонија, денеска со победата над Гостивар од 87:80 си обезбедија и учество во разигрувањето за титулата.

ТФТ во полуфиналето од плеј-офот ќе игра против најдобриот тим во Суперлигата, МЗТ Скопје, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Пелистер и Еуро Никел.

Предводник на ТФТ беше Александар Костоски кој постигна 36 поени, додека Морган даде двојно помалку.

МЗТ  Скопје со триумф на гостувањето кај Пелистер од 79:88 го потврди првото место на табелата пред стартот на плеј-офот. Првото полувреме заврши со предност на „металците“ од 40:48 за на стартот од третиот дел Рикиќ со четири поени по ред, да донесе двоцифрена предност (40:52). Предноста се зголеми и на 17 поени (48:65), но битолчани во последната четвртина се приближија на седум поени негатива (66:73). МЗТ Скопје одговори со серија од 0:9 и ги реши дилемите околу победникот.

Војдан Стојановски го предводеше МЗТ Скопје со 16 поени, Адем Мекиќ даде 14, а Рикиќ и Ајви постигнаа по 12 поени, додека во редовите на Пелистер, Малешевиќ и Крстајиќ беа најпрецизни со по 17 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот