Терапија за цистична фиброза итно за осум пациенти, останатите ќе почекаат
Терапијата за цистична фиброза првично ќе добијат осум пациенти кои имаат потешка форма на болеста, а како што најави министерот за здравство, Беким Сали ќе се стремат за набавка на лек на 30 пациенти во текот на оваа година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Се надевам дека во најскоро време, со сите потребни измени на закон за јавни набавки и останатите закони поврзани со набавка на лекови и обезбедување на финансиски средства ќе обезбедиме терапија за овие пациенти, изјави министерот Сали на денешната прес-конференција по завршување на работниот состанок со министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Полoвина пациенти со цистична фиброза ќе добијат лек, другата половина извисени?!
Бесими вели дека како ресорни за координација по ова прашање ќе имаат констатација што јасно треба да се пренесе до граѓаните.
Ќе најдеме решение овој лек да се набави за оние кои имаат потреба, посочи Бесими и додаде дека набавката ќе биде директно преку производителот.
Нов протест на пациентите со цистична фиброза во сабота пред Владата
Поради тој пристап, Сали појаснува дека имаат потреба од измени на неколку Закони.
Мислам дека во текот на идната недела ќе ги иницираме и се надевам дека ќе бидат поддржани во Собранието. Во делот на цената сè уште нема конкретна финална цена. Имаме првични информации за цената на еден третман за еден пациент на годишно ниво, меѓутоа останува финалната цена да ја добиеме од производителот, појаснува министерот за здравство.
Гаранција дека ова прашање ќе се реши, министерот за финансии вели дека е ова јавно обраќање.
Ние сме одговорни јавни личности кои носиме јавни функции и одговараме пред граѓаните и нашиот збор треба да се имплементира.
Појаснувајќи зошто само одреден број пациенти сега ќе добијат терапија, Сали вели дека се оди според итноста на пациентите.
За сега има осум пациенти во потешка форма, за тие се иницираше овој лек, но увидовме дека уште 22 пациенти се веќе во таа фаза на средно тешка состојба и ние првичниот пакет го иницираме за 30 пациенти. Потоа, користејќи ја оваа можност за директни преговори за можност за симнување на максимална цена на лекот од страна на производителот, изјави тој и посочи дека не може да даде точна временска рамка бидејќи процесот не зависи само од една институција.


