Тенисерите не можат да издржат, идната недела се враќаат на терените

Тениската сезона е прекината пред речиси два месеци, а иако пандемијата на коронавирусот сè уште не стивнува, „белиот спорт“ се враќа наредниот викенд.

Тенисот нема да се врати во вообичаениот формат, но сепак ќе се играат натпревари помеѓу професионални тенисери.

Од 8. до 10. мај во Вест Палм Бич ќе стартува „УТР Про меч серијата“ на која ќе учествуваат четворица тенисери, додека од 22. до 24. мај истото ќе го направат и четири тенисерки.

Учесници на машкиот турнир ќе бидат Италијанецот Матео Беретини и Американците Рејли Опелка, Тенис Сандгрен и Томи Пол.
Кај дамите ќе учествуваат три Американки, Алисон Риске, Аманда Анисимовса и Даниел Колинс и Ајла Томљановиќ од Австралија.

Натпреварувањето ќе се одржи на приватни тренери каде нема да биде дозволено присуство на гледачи, а исто така нема да има линиски судии и собирачи на топчиња.

Тоа значи дека самите тенисери и тенисерки ќе си ги собираат топчињата кои ќе бидат посебно обележани. Секој тенисер за време на својот сервис ќе користи топчиња само во една боја, за да се намали можноста било каков контакт со противникот.

Сите натпревари ќе се пренесуваат на „Tennis Channel“, а еден од коментаторите ќе биде и поранешниот број 1, Енди Родик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот