Телеграма со сочувство од спикерот Џафери за смртта на Енвер Малиќи

Та
Талат Џафери/ Фото: МИА

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати телеграма со сочувтсво по повод смртта на Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Град Скопје, деловен човек, почесен конзул на Мексико и хуманист. Во телеграмата со сочувство, Џафери вели дека животот е дар завиткан со бројни слоеви на декоративна хартија.

– Секое одвиткување на следниот слој, носи најнеочекувани изненадувања. Понекогаш се радосни, охрабрувачки, мотивираат и поттикнуваат да се оди напред, меѓутоа, понекогаш се толку тажни, трогателни и толку непредвидливи што те оставаат без збор и без сила да чекориш понатака. Но, луѓе како почитуваниот Енвер Малиќи се луѓе кои те учат како треба да го сакаш, цениш и споделиш секој скапоцен миг со блиските, соработниците, со пријателите, познаниците и странците, едноставно, само со подавање на раката на поддршка. Делата се тие што се помнат, позитивната енергија е таа што ти дава волја а Енвер го поседуваше и рефлектираше сето тоа. Загубата е голема за семејството, за пријателите, соработниците и сите оние што ги допре во животот добротворното дело на истакнатиот хуманист, се наведува во телеграмата со сочуството што Џафери ја упати до семејството на Малиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот