Телефонски разговор Дачиќ-Димитров: Итно решение за македонските патници на српска граница

Двајцата министри разговорале за моменталната состојба предизвикана од вирусот „Ковид 19“ и ефектите од пандемијата по нашите земји и целиот регион.

Министрите за надворешни реаботи на Србија и Северна Македонија, Ивица Дачич и Никола Дитров, вечерва имаа телефонски разговор околу „заштитните мерки во борбата против Ковид-19“, соопштија од кабинетот на српскиот шеф на дипломатијата.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во соопштението се наведува дека „двајцата министри разговорале за моменталната состојба предизвикана од вирусот „Ковид 19“ и ефектите од пандемијата по нашите земји и целиот регион.“

-Министрите се информираа за мерките што ги преземаат нивните земји во борба против вирусот „Ковид 19“, во согласност со препораките на СЗО, за заштита на своите граѓани.Тие се согласија дека се потребни усогласени напори за да се спречи понатамошното ширење на епидемијата и со најмали последици да се надмине кризата што ја предизвикув вирусот,се наведува во соопштението од српското МНР.

Во него се додава дека „е договорено во најкус можен рок да се најдат решенија за тековните проблеми за отежнатиот транспорт на стоки и застојот во превозот на патници, кои се настанати заради заштитните мерки за ограничување на влезот на лица кои престојуваат во државите и областите со интензивна трансмисија на болеста.“

Министерот Димитров се заблагодарил на Србија за помошта што ја дала при евакуацијата на македонските државјани од САД, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот