Тебас: Доколку Нико Вилијамс сега станеше играч на Барса, сигурно немаше да може да биде регистриран
Последниот обид на Баерн Минхен да го убеди фудбалерот Нико Вилијамс дека баварскиот гигант е вистинскиот избор за него, се чини дека не успеа.
Препорачано
Германците се обидоа со плата од 12.000.000 евра, повисока од онаа што Барселона можеше да му ја понуди, додадоа сериозни бонуси, објаснија дека тој ќе биде првата опција на левото крило, но шпанскиот репрезентативец сето тоа го одби и по којзнае кој пат рече: „Сакам да играм само за Барса!“
Дали има нешто што би можело да влијае на неговата решителност на крајот на краиштата? Човек би рекол не. Или ако постои, тогаш веројатно станува збор за добро познатите проблеми на каталонскиот клуб со финансиите и регистрацијата на играчи.
– Нико Вилијамс? Ако денес станеше играч на Барселона, сигурно немаше да може да биде регистриран – рече претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Од друга страна, каталонските медиуми објаснуваат во детали и најавуваат непосредно активирање на откупната клаузула на младиот крилен напаѓач. Тие дури наведуваат дека Вилијамс го скратил одморот за да може процесот да биде завршен до петок. Односно, да се врати во својата татковина и да ги покрене сите бирократски процедури во врска со раскинувањето на договорот со Атлетик Билбао кој се очекува да добие 62 милиони евра од продажбата на Вилијамс.


